август 23, 2019

Скопје, 23. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески е на седмото место на листата на најбогатите Градоначалници во Македонија.

Десетте најбогати градоначалници тежат околу 30 милиони евра. Меѓу нив еден е на ВМРО-ДПМНЕ, но е прв на листата, додека шест гравитираат или се членови на СДСМ. Од вкупно три градоначалници на партијата Алијанса за Албанците, и тројцата се наоѓаат на листата на топ 10 најбогати градоначалници.

На прво место се наоѓа градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за потоа да следат Николчо Илиев – прв човек на Кочани, Исен Шабани на Врапчиште, Албон Џемаили на Боговиње, Петре Шилегов на Град Скопје, Арбен Таравари на Гостивар, Константин Георгиески на Охрид, Герасим Конзулов на Радовиш, Никола Андонов на Ново Село и Александар Наумоски на Ѓорче Петров.

Според податоците од Државната комисија за спречување на корупција и криминал, сопственичката структура на градоначалниците е слична како кај високите функционери. Пријавени се коли, трактори, мотори, златен накит, часовници, уметнички слики, недвижен, но и непрецизиран имот, како и банкарски сметки, удели и кредити.

Целата сторија проследете ја на scoop.mk. (Крај)

извор: Scoop.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука