ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Ларис Гаисер: Имам информации за високорангирани политичари и тие се наоѓаат во сефот на „Ла Верита“

Рим/Скопје, 25. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Имам информации за високорангирани политичари и тие се наоѓаат во сефот на „Ла Верита“, затоа што не сакам да ги кријам доказите кај мојата мајка како Боки 13.

– За жал, мора да почекам со објавување за да не ги загрозам своите извори во Македонија. Сепак, со оглед на доказите кои веќе ги изнесов, тоа треба да биде сосема доволно за да завршат криминалците зад решетки, а претседателот Пендаровски да најде нов премиер. Заев е минато. Мора да и’ помогнеме на Македонија да ги поврати достоинството и демократијата, изјави во интервју за АЛО Ларис Гаисер, човекот кој ја „раздрма“ Македонија, но и целиот Балкан.

Гаисер е аналитичар и професор по геополитика, кој во низа написи за италијанскиот весник „Ла Верита“ ја откри аферата со уценување на бизнисмени во која беше вплеткан и контраверзниот бизнисмен Бојан Јовановски, познат како Боки 13.

Zoran Zaev

Тој за АЛО открива како реагирал кога слушнал дека е приведена поранешната Специјална јавна обвинителка Катица Јанева и дали очекува нови апсења.

– Да, тоа навистина беше првиот резултат на серијата текстови кои ги објавив, но би кажал дека е тажен резултат, ако се земе во предвид дека македонското обвинителство ги имало во посед овие документи еден месец претходно и ништо не се случи. Тоа значи дека без моите написи за „Ла Верита“ вистината никогаш не би излегла на виделина. Сега се надевам дека на сите им е јасно дека земјата е заложник на една криминална организација која би направила се’ за да се заштити и да ги уништи доказите.

Дали очекувате Заев да поднесе оставка?

– Да бев јас советник на Зоран Заев, и да го знам сето ова што го знам, веднаш би го советувал да поднесе оставка. За негово добро и за доброто на Македонија. Пред или подоцна, ќе мора да замине. Тој е минато и меѓународно е мртов.

Дали верували или имате докази дека некој од ЕУ, како Могерини, имал сознанија што се случува во Македонија?

– Дали некој нормален може да поверува дека никој во ЕУ не знаел што се случува во Македонија? И да е така, во секој случај се виновни, затоа што се неспособни. Поентата е дека системот на Зоран Заев е продукт на комисијата на Јункер и Могерини и нивниот пристап кон Балканот и сега не можат да го прифатат својот дел од одговорноста. Наместо тоа, одлучија да молчат.

Boki 13

Бевте на мета на хакери, отворени се повеќе лажни профили на ваше име. Зошто е направено тоа и со која цел?

– Изгледа дека станав многу популарен во Македонија. Добив илјадници следбеници за само неколку часа, што е проблем за мрежата на Зоран Заев. Верувам дека лажните профили се направени како замка за луѓето кои ја поддржуваат опозицијата во Македонија. Тоа е многу тажно. Ова се фашистички методи на режимот. Сепак, смешна страна на приказната е дека минатата недела група хакери нападнаа еден од моите лажни профили кои ги креираше друга хакерска група, која потоа ги извести медиумите дека ми е хакиран профилот.

Се плашите ли за својата безбедност?

– Знаев дека загрозувајќи ги интересите на моќна криминална мрежа, која е меѓународно поврзана и загрозувајќи ги нивните финанзии, ќе имам последици. Ќе кажам дека моето ниво на безбедност е повисоко, отколку на почетокот на август.

Се плашите ли аз безбедноста на вашите извори во Македонија?

– Да, тоа е се’ уште мојата прва грижа. Никаква сензација не е вредна за животот на еден чесен граѓанин или неговото семејство.

Дали може да очекуваме уште ексклузивни приказни од Македонија?

– Како што и претходно наведов, знам многу повеќе од ова. Имам информации за високорангирани политичари и тие се наоѓаат во сефот на „Ла Верита“, затоа што не сакам да ги кријам доказите кај мојата мајка како Боки 13. За жал, мора да почекам со објавување за да не ги загрозам своите извори во Македонија. Сепак, со оглед на доказите кои веќе ги изнесов, тоа треба да биде сосема доволно за да завршат криминалците зад решетки, а претседателот Пендаровски да најде нов премиер. Заев е минато. Мора да и’ помогнеме на Македонија да ги поврати достоинството и демократијата, изјави во интервју за АЛО Ларис Гаисер. (Крај)

извор: АЛО фото: АЛО

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави