Охрид, 26. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос го загубија воведниот меч во Втората лига Запад.
На домашен терен беа поразени од кичевски Велазерими со 1-2 (1-1). Речиси сигурниот бод го изгубија во последната минута, кога противникот ја затресе нашата мрежа.
Шанса за освојување на првите бодови во Втората лига охриѓани ќе имаат в сабота, 31-ви август, кога на домашен терен ја пречекуваат екипата на Гостивар. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17