август 26, 2019

Охрид, 26. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ситно броиме до новиот голем подвиг на младиот охридски пливачки херој Марко Пејчиновски.

Тој интензивно се подготвува да исплива 64 километри од Охрид до Св. Наум преку Струга назад до Охрид. Годинава Марко ќе плива за лицата со ретки болести и нивната секојдневна битка со предизвиците во животот.

За таа цел и во знак на поддршка на лицата со ретки болести, изработени се специјални маички по цена од 300 денари. Истите може да се подигнат во среда, 28-ми август, на денот кога Марко и Охридското езеро ќе запишат нова легенда, на штандот кој ќе биде поставен кај градското пристаниште од 12:00 часот, па сé до неговото пристигнување на целта.

Приходот од продажбата на маичките ќе оди во хуманитарни цели, односно за лицата со ретки болести. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука