август 27, 2019

Скопје/Охрид, 27. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“, при Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) донесе одлука филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, да биде македонски национален кандидат за оваа награда за 2020 година.

Одлуката ја донесе Комисијата во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ангела Несторовска – продуцент, Аксел Мехмед – актер, Сашко Потер Мицевски – филмски монтажер и дизајнер на звук, Игор Ангелов – актер, Дина Дума – режисер и Горан Игњатовски – мејкап дизајнер, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска, „Еј“ во режија на Васил Христов, „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперкоски, „Боите на Преспа“ во режија на Перо Попов и „Џезмен“ во режија на Аљоша Симјановски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука