Скопје, 27. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Македонската Влада на последната 151-ва седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изнајмување на 7 монтажни спортски лизгалишта.
Владата ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да ги обезбеди потребните средства за реализација на проектот во висина од 14.000.000 денари, во рамките на сопствениот Буџет за 2019 година.
Со оваа одлука на Владата, им се препорачува на општините Охрид, Битола, Куманово, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово да изберат и предложат до Агенцијата за млади и спорт локација како и да обезбедат одобрение за поставување на урбана опрема, односно монтирање на лизгалиште, најдоцна до први ноември 2019 година. (Крај)
извор: Влада фото: архива
Прочитано: 30