Струга, 28. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми август 2019 година, во 16:35 часот во Полициската станица во Струга, 55-годишниот А.З. од селото Ливада пријавил дека настанал пожар во помошна просторија од ОУ„Аки Дика“.
– Од противпожарната единица од Струга пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Струга. Констатирано е дека биле опожарени дрва за огрев, столарија и други предмети. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 24