Охрид, 29. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид повторно со негативен природен прираст.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од оваа година на подрачјето на општина Охрид биле родени 110 бебиња, а бројката на починати лица е 160, од кои едно новороденче. Што значи Охрид има природен прираст од -50.
Во однос на бројот на склучените бракови во анализираниот период бројката во Охрид е 106, а регистрирани се и 8 разводи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20