септември 2, 2019

Охрид, 2. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на иницијативата за продажба на маички за собирање на средства за децата со ретки болести на Марко Пејчиновски, продадени се околу 600 маички.

– До денес продадовме 600 маички. После покривањето на продукциските трошоци, останува износ за донации од 73.700 денари. Истиот ќе биде соодветно распределен на деца со ретка болест, за кои ќе одлучи три члена комисија. Од срце за ретките, заедно сме посилни, објави тимот на Марко на неговиот официјален профил на Facebook.

Неодамна, Марко во насока на подигнување на јавната свест кон лицата со ретки болести направи обид да го исплива маратонот долг над 60 километри, на патеката Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука