Скопје/Охрид/Струга, 3. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Управата за јавни приходи (УЈП) врши контрола на фирми поврзани со случајот „Рекет“ во Охрид, Струга и Битола.
Бројот на фирми се прошири откако минатата недела УЈП влезе во контрола на работењето на „БМЈ медиа груп“, „Меѓународен сојуз“ телевизијата „1 ТВ“ и „Томато“, јави А1Он.
Во петокот, започна контрола на работата на фирмата „Омниа“ ЛГББ од Охрид која има договор за соработка со „БМЈ Медиа груп“. Контрола се врши и во компанијата „Дрим билдинг“ во Струга каде се испитуваат деловните односи по склучен договор за соработка на фирмата со „Меѓународен сојуз“.
Инспекторите го проверуваат работењето на фирмите во периодот од 01.01.2017 година до 31.08.2019 година.
Директорката на Управата, Сања Лукаревска најави дека во зависност од собраните податоци од терен, можно е проширување на контролите и во други фирми.
Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)
извор: А1Он фото: архива