Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Св. свештеномаченик Иринеј

Охрид, 5. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават Денот на Свети Иринеј.

Свети Иринеј по потекло беше од Мала Азија. Му беше ученик на славниот смирнски епископ Поликарп, кој пак беше ученик на светите апостоли. Подоцна, после маченичката смрт на епископот Потин, за епископ на градот Лион беше избран овој Иринеј.

Свети Иринеј пострада за Христа во 202 година, заедно со неколку иљади христијани, за време на царот Север. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави