Охрид, 6. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ароганцијата на СДСМ оди до тој степен што свесно ја потценува интелигенцијата на граѓаните, стои во дописот до медиумите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на реакцијата на охридскиот градоначалник на претходните обвинувања од партијата.
– Работа е на опозицијата да критикува аргументирано, а Ваша работа е наместо да одговарате преку ширење лажни информации, да ги решавате проблемите на граѓаните. Господине Георгиески можете колку сакате да ги избегнувате конкретните прашања, но не можете да го оправдате вашето неработење за кое го обвинувате ВМРО-ДПМНЕ, а знаете самите дека истите тие работи сте ги ветиле пред охриѓани. Добро е што го откажавте пресот и пративте соопштение да го искористите времето за решавање на секојдневните проблеми. До кога ќе ја замајувате јавноста дека се изведуваат градежни активности на повеќе инфраструктурни проекти? Ја разбираме Вашата нервоза затоа што резултатите се очајни, но соберете храброст и кажете им на граѓаните дека немате одобрение за изменет режим на сообраќај и не е изготвен проект за изменет режим. Кажете им дека ги повлековте реконструкциите на улиците „Македонски просветители“, „Абас Емин“ и „Јане Сандански“. Боли кога ќе слушнете од обичниот граѓанин дека сте најзатворената и најнеспособна Локална самоуправа. Охриѓани гледаат и кажуваат дека ништо со прст не се помрднало откако сте на власт. Колку работите не треба да ни кажувате, кажува тоа што имате најниска реализација на буџет. Шампиони сте во кратење на средствата за проекти и враќање на долгови. Свртете се околу вас и кажете што направите? За урбаната опрема одговорите колку тезги беа поставени по партиски клуч надвор од Програмата за урбана опрема? Лажете за ЈП и нека Ви служи на чест. Освен што ја покачивте цената на водата и удривте по џебот на охриѓани ништо друго не направивте. Ги преполнавте со партиски војници. До каде сте со пазарот, зошто не ја активиравте банкарската гаранција, дали знаете дека правите кривично дело? Одговорите по основ на кој закон вашите соработници земаат по 40.000 денари плата? Зошто дозволивте да Ви ги извршат парите за образование и детска заштита? За дивоградбите, пред Ваши очи се градеа и не реагиравте се криевте, или тоа беше во склоп на коалиционите договарања? Не барајте нова локација за базата, туку рушете ја! Ви благодариме за тоа што се грижите околу PR стратегијата, но најдобро загрижете се околу Вашата којашто е како раштиман оркестар всушност и како целата Локална самоуправа. За каква PR стратегија зборувате, за тоа што од рано утро наредивте цела градежна механизација од „Илинден“ од Струга да се помести на улица „АСНОМ“ за Вие да држите прес и да ги лажете граѓаните. Позната е Вашата стратегија кога цела градежна механизација и возила се повлечени само заради снимање пред медиуими и залажување на граѓаните дека се гради, а во моментот за жал не се изведуваат никакави градежни работи. Граѓаните ја препознаваат вашата лажна стратегија господине Георгиески, Вие еднаш се откажавте од АСНОМ, да очекуваме дека ќе се откажете и од улицата „АСНОМ“, стои во дописот до медиумите од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес