Охрид, 8. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, нешто по 19:00 часот е комплетно блокирана улицата „Македонски просветители“ на потегот пред охридската полиција.
Од двете страни на улицата се поставени барикади и целиот настан е под силно полициско обезбедување.
Неофицијално се работи за инцидент кој претходно се случил во селото Волино во Дебрца. Според првичните информации до немилиот настан дошло за време на одржување на фудбалски натпревар од Третата лига југозапад помеѓу домашната екипа на Волино и Црно буки. Полицијата се обидела да приведе едно лице од публиката, по што се случил инцидентот и биле приведени неколку лица. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 36