септември 12, 2019

Охрид, 12. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денеска и утре Охрид ќе биде домаќин на Национална Конференција на Македонската Асоцијација за цврст отпад (МаСВА) како Национален член на Интернационалната Асоцијација за цврст отпад (ISWA).

Конференцијата ќе се одржи на тема: „Комуникација за управување со отпадот“ и претставува интернационален настан кој е влезен во календарот на ИСВА глобалните случувања.

Како увертира на конференцијата, ќе се одржи Акција за чистење.

– Предвидена е акција за чистење на Охридското Езеро и Охридското крајбрежје, поддржана од Делегација на Европска Унија во Македонија во склоп на акцијата „За чисто како дома исто“. Акцијата ќе се спроведува паралелно во водите на Охридското Езеро со Клубот за подводни активности „Охрид“ и на Охридското крајбрежје со поддршка од општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид и колективниот постапувач „Нула Отпад“ ДОО Скопје. Учество во акцијата ќе земе и шефот на Делегацијата на Европска Унија, Амбасадорот Самуел Жбогар, информираат организаторите.

Свеченото отворање на конференцијата ќе се одржи во црквата „Св. Софија“ од 19:00 часот, а ќе настапи градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука