Дебрца, 24. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Општина Дебрца ја продолжува мерката воведена минатата учебна година, ужинка за секој ученик во основното училиште.
Секој ученик ќе добива ужинка во текот на учебната година, а средствата за ужинката се обезбедени во буџетот на општина Дебрца.
– Со оваа мерка сакаме малку да го растовариме семејниот буџет на родителите, а повеќе да го потенцираме социјалниот моментум, односно до израз да дојде социјалната рамноправност на учениците, велат од локалната самоуправа.
И оваа година продолжува спроведувањето на другите мерки: бесплатна екскурзија, финансиска поддршка за талентираните ученици, награда за првенец и ученици на генерација, поддршка за училишните спортови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33