септември 24, 2019

Охрид, 24. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ветувањата за Живот се претворија во беда, ветувањата за напред тргнаа за назад, порачаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески воопшто не ги мотивираа младите за да се почувствуваат дел од општеството и со нивна помош да го направат Охрид посакувано место за живеење. Отворивте ли Канцеларија за млади? НЕ, не отворивте! Изградивте ли Младински културен центар? Не, не изградивте! Дали ги вклучивте сите млади во донесување на одлуките на локално ниво? НЕ, не ги вклучивте! Профункционира ли Советот за млади? НЕ, не профункционира! Изготвивте ли Општинска стратегија за млади? НЕ, не изготвивте! Каде е сега младината на СДСМ којашто велеше зборот е збор однесувајќи се со потценувачки однос кон младите? Извадени Ви се и маската и шминката! Младите не бараат ништо друго освен тоа што сте им го ветиле. Погубните политики на СДСМ и Георгиески доведоа до масовно иселување на младите од Охрид. Нивната мисија е младите да размислуваат само како да го напуштат родното место. Ете затоа и авионите се полни со млади кои среќата си ја бараат на други места.
Со СДСМ и Георгиески нема повеќе можности за младите, ниту пак подобрување на нивната положба во Охрид, порача на денешната прес конференција Александар Здравевски, претседател на УМС при ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука