септември 25, 2019

Скопје/Охрид, 25. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“, во недела, во 12:00 часот, ќе ги вадат фрлените автомобилски гуми од Вардар.

Акцијата ќе се одвива во близина на мостот „Гоце Делчев“, најави активистката Ирена Ристиќ и е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести која трае до 27-ми септември, јави Радио Моф.

– Го сакаш Вардар. Најголемата река во Македонија. Во него гледаш дека некој фрлал гуми! Многу гуми! Што правиш? Немо гледаш, се чудиш, вреѓаш, колнеш непознати сторители до трето колено, тераш празен муабет со уште попразни анализи, мантраш џабеџабеџабеџабе или засукуваш ракави? Пошто стварно го сакаш, пошто љубовта е мотивација и акција, засукуваш ракави и се фаќаш за работа, стои во повикот до граѓаните за да се вклучат во акцијата. (Крај)

извор: Радио Моф фото: Радио Моф

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука