септември 27, 2019

Охрид, 27. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Сопствениците прифатија сами да ги уриваат платформите, а инспекторите кои заминаа од местото на настанот најавија дека ќе вршат контрола на постапката во текот на денот.

Ова е првичниот епилог од стартот на отстранувањето на дел од платформите од угостителските објекти во стариот дел на градот.

Денес се очекува да започне уривањето на платформите во стариот дел на градот (Фото)

Екипи на охридската полиција и градежни работници утрово пристигнаа на лице место пред угостителските објекти „Момир“ и „Ликвид“.

Сопствениците на кафе барот „Аквариус“ неодамна самоиницијативно го започнаа отстранувањето на платформата.

Градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиески вчера истакна дека ако општината претходно постапувала така како што се постапува сега на секоја активност на дива градба да се пристапи кон отстранување по основ на решение, ќе немавме проблем со бесправно изградени објекти.

– Дел од угостителите почнаа сами да ги отстрануваат платформите. Сите тие добија решенија за извршување за вчера, им дадовме рок од три дена, ако не ги отстранат да ги отстраниме ние. Платформите ќе се отстрануваат целосно како на угостителските објекти така и на плажите, истакна вчера Георгиески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука