септември 28, 2019

Охрид, 29. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен јужен ветер.

Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.

– До среда ќе се задржи сончево и топло време со релативно високи дневни температури. Во четврток во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, особено во петок, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука