Охрид, 29. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Издавачката куќа „Феникс“ започна со објавување, односно емитување на аудио-записи за писателите и литературата.
Досега се снимени и емитувани аудио-записите за Блаже Конески, Матеја Матевски, Славко Јаневски, Анте Поповски, Јован Котески, Петре Бакевски, Ванчо Николески и други.
– Серијата ќе продолжи со сеќавања за ликот и делото на писателите, но и со трибини, разговори, дебати, интервјуа и слично. Серијалот се снима и емитува како подкаст „Феникс радио“, а целта е да се остават трајни аудио траги за најзначајните личности и теми од сферата на книжевноста. Реализатори на проектот се Христо и Васил Петрески, информираат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28