Скопје/Охрид, 29. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од коритото на реката Вардар во Скопје, денес беа извадени повеќе автомобилски гуми во рамките на ЕКО акцијата која се спроведе под мостот „Гоце Делчев“ во центарот на градот.
Акцијата ја организираше граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Таласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“.
Акцијата е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести, што трае до 27-ми септември. Граѓанската иницијатива редовно спроведува ваков вид акции во насока на зголемување на еколошката култура во градот. (Крај)
извор: Опсервер.мк фото: Опсервер.мк
Прочитано: 25