Охрид, 30. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, утрово со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“.
На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ во Охрид (едноцрквие).
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на присуство и заедничко прославување на овој празник. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28