Скопје/Охрид, 30. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од полноќ пониски цени на бевзините, дизелот и Екстралесноно масло за домаќинство.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цените се намалуваат за еден денар.
Според новиот ценовник, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 71 денар, а на дизелот 63 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ ќе изнесува 52,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,876 денари за килограм во однос на цената и со тоа малопродажната цена ќе изнесува 33,158 денари за килограм.
Овие цени ќе важат во следните седум дена. 9Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27