Охрид, 1. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.
– До утре ќе се задржи сончево и топло време со релативно високи дневни температури. Во четврток ќе настапи значително наоблачување и ќе има повремени врнежи од дожд. На места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне и во текот на ноќта кон петок. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 37