Охрид, 1. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – ЈП „Билјанини извори“, под покровителство на општина Охрид, по втор пат го организира турнирот во баскет „3х3“.
Пријавувањето за учество на турнирот, кој се организира по повод чествувањето на 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, ќе трае до 10-ти октомври.
Како и минатата година сите заинтересирани за пријавување на тим треба да состават своја екипа 3+1 (играч) и да пополнат апликација за учество во дирекцијата на ЈП „Билјанини извори“.
Натпреварите ќе се играат за време на викендите, а финалето е планирано за 7-ми ноември. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 40