октомври 1, 2019

Доха, 1. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Атлетичарот Јован Стојоски, член на АК „Охрид“ попладнево ќе настапи на 17-то Светско првенство во атлетика што се одржува во Доха, Катар.

Стојоски ќе трча на 400 метри, како шести во третата квалификациска група, со почеток во 15:51 часот по наше време.

Неговото најдобро време во оваа дисциплина е 46,92 секунди, постигнато во јуни годинава во Охрид. Инаку рекордот на Македонија во оваа дисциплина го држи претходниот тернер на Јован, покојниот Исмаил Мачев, 46,27 секунди, постигнат на Медитеранските игри во Казабланка, Мароко, во 1983 година.

Јован Стојоски е единствен македонски претставник на ова престижно натпреварување. Ова е голем успех за него, за АК„Охрид“, но и за неговиот тренер Марина Мишиќ, под чие водство и несебичен напор, Стојоски настапи на Европското првенство до 23 години што во јули годинава се одржа во Шведска каде, и оствари историски резултат за македонската атлетика, пласирајќи се во финалето и освојувајќи го 6-то место во Европа.

И покрај тоа што Стојоски мораше да замине за Катар без својот тренер, подготвен е за денешниот настап. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука