октомври 1, 2019

Охрид, 1. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат акциите за собирање помош за нашата сограѓанка Јана Арсовска, а охриѓани уште еднаш на дело покажаа дека имаат огромно срце.

– Нашиот суперхуман пријател Јован Куциновски пред неколку години започна нешто што прерасна во спонтано хуманитарно движење, кое е секогаш присутно кога треба да се шири пораката за хуманост, верба, надеж и љубов. Несебично и од срце, кога има потреба од споделување вибрации и пораки за хуманост, акустичната екипа составена од различни луѓе и во различен состав секогаш е на висина на мисијата и задачата. На градскиот плоштад во Охрид, свирејќи за Јана и собирајќи донации и на лице место прекрасните хумани музичари го споделуваа апелот за донирање на секој можен начин. Донирањето надеж за Јана продолжува! Речиси сме на третина од патот и заедно и обединети може да стигнеме до целта, порачуваат организаторите.

Image may contain: 3 people, people on stage, shoes, child, sky and outdoor

Image may contain: one or more people, people standing, child and outdoor

Помош и’ е потребна на 33-годишната Јана Арсовска од Охрид, која веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 143 467

За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка

За хуманите луѓе надвор од Македонија: gofundme.com/hopeforjana

или преку жиро-сметка на:

IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука