Скопје, 2. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ана Стојановска од тенискиот клуб „Охрид“ го освои првото место на Отвореното првенство на Македонија за јуниорки до 14 години, кое се одржа на терените на ТК „Југ“ во Скопје од 28-ми до 30-ти септември.
По освојувањето на Државното првенство на Македонија за јуниорки до 12 години и претходните Отворени првенства до 12 години годинава без изгубен сет, 12-годишната Ана Стојановска успеа да триумфира и да ја потврди добрата форма викендов и во конкуренција на 2 години постари тенисерки, победувајќи ја во финалето Нина Маринковиќ од ТК Југ со 6:1 6:1. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29