октомври 3, 2019

Охрид, 3. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Централниот регистар на Република Македонија започнува со спроведување на акцијата „Отворени денови со граѓаните”.

Стручен тим предводен од Директорката Марија Бошковска – Јанковски, утре, во периодот од 11:00 до 14:00 часот ќе одржи отворен ден со граѓаните во канцеларијата на Централниот регистар во Охрид. За време за отворениот ден ќе имате можност да се консултирате за прашања поврзани со работењето на институцијата и да добиете потребни информации и одговори на Вашите прашања, информираат од Централниот регистар на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука