Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охрид Лихнидос му гостува на Вардар Форино

Охрид, 4. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на седмата рунда во Втората македонска фудбалска лига – запад, ГФК Охрид Лихнидос игра во гости кај екипата на Вардар Форино.

Поради А репрезентацијата која следнава недела ќе настапи во квалификациите за пласман на Европското првенство следната година, натпреварот наместо утре, ќе се игра в недела, 6-ти октомври од 15:00 часот.

Охриѓани сеуште се на дното од табелата со само еден бод од минатонеделното реми со Лабуништа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ГФК Охрид Лихнидос

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука