Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Македонскиот кандидат за Оскар, филмот „Медена земја“ вечерва и утре ќе се прикажува во Охрид

Охрид, 4. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва и утревечер во Охрид ќе се прикажува филмот „Медена земја“ (Honeyland), најнаградуваниот македонски документарец, што со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“.

Филмот, кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“, а проекциите се од 20:00 часот.

Цената на влезницата е 100 денари.

Земи половина од медот, половина остави за пчелите. По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата. Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави