октомври 4, 2019

Охрид, 4. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот центар за култура го распиша конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2019 година.

– Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11
испечатено еднострано на А4 формат во 4 еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. За изборот односно наградата одлучува три члено жири составено од реномирани автори од земјава, стои во објавениот конкурс.

Заинтересираните автори доколку сакаат да учествуваат ќе треба да испратат четири примероци од поемата, под шифра, на адресата Центарот за култура улица „Македонски просветители” бр. 4, со назнака – Пријава за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2019 година.

Конкурсот е отворен до 4-ти ноември. Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука