Охрид, 5. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на слаб и краткотраен локален дожд.
Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 19. степени.
– За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на дневната температура. Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде посвежо со повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 32