Скопјанка заработи пријава во Охрид поради непочитување на наредба на полициски службеник
октомври 5, 2019

Охрид, 5. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе прекршочна пријава против 45-годишната А.Д. од Скопје, поради сторен прекршок – нарушување на јавниот ред и мир и постапување спротивно на наредба на полициски службеник.

– На 4-ти октомври 2019 година, во 15:25 часот на улицата 2Климентов универзитет“ во Охрид, таа одбивала да се придржува до насоките на полицискиот службеник по што, е повикана на разговор во полициска станица, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука