Охрид, 5. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишниот П.С. од Охрид.
– Пријавениот, на 16-ти септември 2019 година, на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил запрен од полициските службеници и при преглед кај него бил пронајден амфетамин. При претрес во неговиот дом, бил пронајден и одземен амфетамин, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 24