октомври 6, 2019

Охрид, 6. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти и 6-ти октомври 2019 година, на целото подрачје на СВР Охрид се спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

– Констатирано е дека 13 возачи на моторни возила (Охрид-1, Струга-8 и Кичево-4) управувале возила под дејство на алкохол. Тие биле исклучени од сообраќај и им биле одземени возачките дозволи. За сите прекршоци изречени се соодветни санкции, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука