Охрид, 7. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) -Денеска во Охрид свечено ќе биде отворена Втората Тркалезна маса за лидери на високи позици, хибридните закани поврзани со информациите, финансирана од програмата Наука за мир и безбедност и коспонзорирана од Министерството за одбрана на САД.
На отворањето ќе учествува министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тркалезната маса се одржува до 12-ти октомври.
За време на тркалезната маса фокусот ќе биде на хибридните закани поврзани со информациите и заканите што влијаат на политичките, територијалните и/или економските аспекти на една земја или Алијансата преку кинетички, некинетички или комбинирани средства со користење на информациите, дезинформациите, неинформирањето и медиумите – традиционалните или социјалните.
Учество ќе земат лидери на високи позиции од над 20 држави од Европа, од САД и од НАТО. Главен предавач ќе биде господинот Марк Лајти, директор на Секторот за комуникации при Врховниот штаб на НАТО сојузничките сили во Европа (SHAPE). Тркалезната маса е во организација на Џорџ Мејсон Универзитетот (George Mason University) од САД, Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“ Скопје и Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25