октомври 7, 2019

Охрид, 7. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – 61-годишен велосипедист од Охрид е тешко повреден во вчерашната сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на „Св. Еразмо“.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ќ.И.(55) од село Велешта, струшко и велосипед управуван од Ј.А.(61) од Охрид.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука