октомври 7, 2019

Скопје/Охрид, 7. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од полноќ пониски цени на бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, за еден денар се намалува цената на Еуросупер БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство, а за половина денар цената на Еуросупер БС-95.

Новите цени од полноќ ќе бидат:

Еуросупер БС-95 – 68 денари

Еуросупер БС-98 – 70 денари

Еуродизел – 62 денари

Екстра лесно масло за домаќинство – 51,50 денари

Цената на мазутот ќе се зголеми за 0,621 ден/кг со што тој од ноќеска ќе се продава по цена од 33,779 ден/кг.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука