октомври 7, 2019

Скопје, 7. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – По пауза од пет години неделава во Москва ќе се одржат подготвителни средби по повод претстојната седница на Мешовитата меѓувладина комисија за соработка закажана за 14-ти до 16-ти ноември во Охрид.

Меѓувладината комисија ќе профункционира по речиси пет години, откако последниот состанок беше одржан во Калининград, Русија, во 2014 година.

– На средбата в среда ќе бидеме дел од делегацијата што ќе ја предводи министерот за земјоделство Трајан Димковски. Од руска страна ќе нè пречека копретседателот на Мешовитата комисија, Груздев. Предвидени се и средби со заменик-министерот за земјоделство, како и со заменик-претседателот на Стопанската комора на Руската Федерација. Ќе се разговра за зголемување на соработката“, вели претседателот на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, во разговор за МИА.

На средбите во Москва ќе присуствуваат и претставници на Руската фитосанитарна и ветеринарна служба, која ги уредува правилата за извоз.

Повторното состанување на Мешовитата меѓувладина комисија е по иницијатива од двете страни, а изминативе пет години не се одржала поради општите состојби во земјава.Во врска со македонските производи, вели дека полека, но сигурно се пробиваат на рускиот пазар. Доминираат виното и ајварот, но присутни се и млечни и месни производи, како и производи од фармацевтската индустрија.

За зголемување на соработката со Русија, Бешлиев гледа голем потенцијал во туризмот. Смета дека тоа особено ќе може да се реализира по евентуалното воспоставување директна авиолинија меѓу двете земји. Руските туристи, вели, покажуваат голем интерес за посета на земјава.

– Ние навистина имаме што да понудиме, а руските граѓани се познати по тоа што се посакувани гости. Ако се реши прашањето на воведување авиолинија Москва – Скопје или евентуално Москва – Охрид во летниот период, се надевам дека ќе го зголемиме бројот на руски туристи“, вели Бешлиев и додава дека ова прашање може да го продискутира и да го реши Мешовитата меѓувладина комисија.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: МКД фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука