Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Избрани најдобрите на конкурсот „Есенските градини со златни бои грст плодови ставаат во дланките твои“

Охрид, 7. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Жири комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби по објавениот конкурс „Есенските градини со златни бои грст плодови ставаат во дланките твои“ и ги избра најдобрите трудови.

Од пристигнатите литературни творби награди освоија:

Прва награда во висина од 7.000,00 денари Софија Милевска , VIII одделение од ОУ „Григор Прличев “ Охрид
Втора награда во висина од 5.000,00 денари, Симона Димитриеска VI оддение, од ОУ „Кочо Рацин“ , Охрид
Трета награда во висина од 3.000,00 денари, Филип Гиноски, VI одделение, од ОУ „Христо Узунов “, Охрид

Од пристигнатите ликовни творби награди освоија :

Прва награда во висина од 7.000,00 денари Лука Пуцоски, II одделение, од ОУ „Григор Прличев“, Охрид
Втора награда во висина од 5.000,00 денари Петар Илоски, V одделение, од ОУ „Кочо Рацин“, Охрид
Трета награда во висина од 3.000,00 денари Иван Теслоски , II одделение , од ОУ „Григор Прличев“ Охрид

Се молат наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид , на ул. Димитар Влахов бр.57, Охрид, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави