Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Задутре почнува „Гастромак 2019“: „Тамаро“ и BBQ Fish Festival со Chef Don David во Охрид

Охрид, 8. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид годинава ќе биде домаќин на еден од најпознатите и највлијателни гастрономски фестивали во Република Македонија, и на Балканот, познатиот „ГастроМак“, што ќе се одржува од 10-ти до 14-ти октомври во хотелот Нова Ривиера.

Годинешното издание е четврто по ред и ако изминатата година истото се случуваше во Струмица, оваа година тоа се случува во еден од најубавите македонски градови, градот Охрид. На 12-ти октомври, ден после големиот македонски празник, со голема поддршка на охридските „Тамаро“ маркети, ќе се организира голем рибен фестивал на отворено т.н Fish Festival со Chef Don David, кој ќе пристигне од Москва, Русија.

Организаторите најавуваат дека кајчиња со уловена риба ќе бидат укотвени пред хотелот „Нова Ривиера“, од каде судската гастрономска елита, во состав: Томас Гуглер, Доменико Маџи, Дон Давид, Анил Гровер, Ѓорѓе Костиќ, Мишел Луис Ленц, Алан Пајен, Изток Легат, Стево Карапанџа и Вуко Митровиќ, ќе одбираат што ќе заврши на скарата.

На овој несекојдневен и единствен во земјата гастрономски настан ќе присуствуваат над 95 WACS судии, мастерклас предавачи, едукатори и врвни глобални гастрономски шефови и околу 300 натпреварувачи од 30 земји во светот, кои што ќе се натпреваруваат со своите вештини во повеќе гастрономски категории. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави