Охрид, 8. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Учениците и децата се заборавени од власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески со тоа што за нив нема бесплатен училишен превоз, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Учениците од Куратица коишто учат во средните училишта чекаат и по три саати повеќе бидејќи не можат да го стигнат превозот во 12 часот, а следниот е дури до 16 часот. Иако се оддалечени од училиштето и повеќе од три километри им се ускратува законското право за превоз. Дали е во ред учениците да излегуваат од дома и да патуваат пред 6 часот наутро, а да се враќаат дома по 16 часот? Зошто градоначалникот и директорите не ја исполнуваат законската должност и не им обезбедуваат бесплатен автобуски превоз на учениците? СДСМ да одговори зошто веќе втор месец не е обезбеден превоз за учениците коишто учат во Спортската академија во Охрид? Замислете учениците кои патуваат од Струга, Велгошти, Подгорци, Враништа и Радожда ќе треба да купуваат месечни карти и на крајот од месецот тие месечни карти да ги доставуваат, по што ќе чекаат да им бидат исплатени парите назад. Зошто општина Охрид не го спроведува Законот за општински превоз и не го почитува Законот за средно образование со кој учениците имаат бесплатен ученички превоз? Со СДСМ и Георгиески на учениците сѐ уште не им е решен проблемот со бесплатниот училишен превоз, стои во дописот до медиумите. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНе фото: ОхридПрес