ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Наградите од квизот „Листа за триста“ на Тв Сител, донирани за нашата Јана

Скопје/Охрид, 8. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Десет месеци трае голготата на Јана Арсовска од Охрид, која чека од институциите за да замине на итно лекување во странство.

И покрај препораките од лекарите во Германија каде поради опасен малиген тумор и биле направени две трансплантации дека е неопходно да прима имунотерапија, од јануари досега Фондот за здравство не и одобрува финансиски средства. И додека надлежните анализираат дали третманот на Јана е согласно медицина базирана на докази, 33 годишната охриѓанка побара помош и од хуманите граѓани. За неполн месец собра околу 70.000 евра, или една третина од парите што и се потребни за спас од болеста.

Од квизот „Листа за триста“ на Сител ТВ кој минатиот викенд беше од хуманитарен карактер, 100.000 денари беа донирани на сметката на Јана. Иако секој поминат ден носи ризик од болеста и со тоа го загрозува незјиниот живот, Јана е оптимист и засега надежите и се свртени кон хуманоста, пренесува „Сител“.

– Овие месеци ми се тешки и напорни и мојот организам е веќе уморен. Оптимист сум, имам многу пријатели и ми дава сила. Се надевам дека овојпат ќе ја победиме битката, вели Јана Арсовска.

No photo description available.

Во меѓувреме охриѓани продолжуваат со акциите за собирање средства за помош на Јана. Скоро секојдневно се организираат манифестации и поголеми и помали иницијативи во насока на побрзо собирање на потребните средства за помош на Јана. Под мотото „Направи добрина: Донирај НАДЕЖ за ЈАНА“, охриѓани викендов уште еднаш ќе застанат зад својата сограѓанка Јана Арсовска.

– Охрид е хуман, Охрид може и знае како. Ве очекуваме на големиот хуманитарен концерт за помош на нашата Јана Арсовска. Заедно за Јана ќе пејат Фолтин, Владимир Четкар, Камелеон и Ѓоко Танески, порачуваат организаторите.

Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“, во сабота, на 12-ти октомври, со почеток во 19:30 часот. Влезниците по цена од 300 денари се продаваат во Music Shop ZZ Top, тезга „Аждер“ – Градска чаршија и на каса пред концертот.

No photo description available.

Помош и’ е потребна на 33-годишната Јана Арсовска од Охрид, која веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 143 467

За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка

За хуманите луѓе надвор од Македонија: gofundme.com/hopeforjana

или преку жиро-сметка на:

IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави