Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Мерења на патот Подмоље-Струга-Ќафасан

Охрид, 9. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во периодот од 11:00 до 16:00 часот на државниот пат А2, делница Подмоље-Струга-Ќафасан ќе се вршат мерења на патот со користење на специјално мерно возило, сопственост на Јавно претпријатие за државни патишта.

Истото ќе застанува на секои 100 метри на патот и ќе врши мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави