Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се збратими со „Техничка школа“ од Ваљево

Охрид, 9. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – На покана од директорот на „Техничка Школа“ – Ваљево, Бранко Голоскоковиќ, а по повод патрониот празник на училиштето присуствуваше делегација од ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид предводена од директорот Сашо Недески.

„Техничка Школа“ – Ваљево започнува со работа на 5-ти октомври 1939 година како електромашинска школа во просториите на Гимназијата и Основното Училиште. Генерацијата на ученици запишани во 1959 година започнуваат со настава во новата зграда каде што наставата се изведува и денес. Од 27-ми јануари 2007 година училиштето го носи името „Техничка Школа“. Во училиштето се образуваат ученици во четири струки и тоа: машинство и обработка на метали, електротехника, геодезија и градежништво и сообраќај.

Оваа година прославуваа јубилеј 80 години од нејзиното постоење. На Свечената академија која се одржа во Домот на култура присуствуваа претставници од Министерството за образование на Србија, Локалната самоуправа како и претставници од стручни училишта од Истанбул, Велење, Ниш, Суботица, Белград како и претставници од компаниите соработници на училиштето.

Slika 11

По повод јубилејот беше објавена и Монографија за „Техничка Школа“-Ваљево

На другарската вечер, која се одржа во клубот во состав на училиштето беше потпишана повелба за збратимување од страна на директорите на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид и „Техничка Школа“ – Ваљево. Притоа беа договорени активности во смисла на посета на ученици и професори на двете училишта, посета на часови, одржување на меѓусебни спортски натпревари,како и запознавање со културата и историјата на градовите Охрид и Ваљево. (Крај)

извор: ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ фото: ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави