Струга, 9. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Струга останува една од главните „ѕвезда“ во полицискиот болтен, откако се регистрирани тепачки во градот и селото Франгово во текот на минатиот месец.
Во првиот случај, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот М.Н. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 17-ти септември 2019 година, во Струга, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал 30-годишниот И.М. од Струга и му нанел тешки телесни повреди.
Во друг случај, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 39-годишниот В.И. од селото Франгово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 27-ми септември 2019 година, во селото Франгово, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет го нападнал 18-годишниот Е.К. од истото село и му нанел телесни повреди. (Крај)
извор: МВР фото: архива