октомври 10, 2019

Охрид, 10. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Започнуваат чествувањата во Охрид за одбележување на 11-ти октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ.

Во организација на општина Охрид и општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, денес напладне во големата општинска сала ќе се одржи свечена седница и културно – уметничка програма.

Утре на денот на празникот, од 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ во градскиот парк, пред Основниот суд, СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ и на градските гробишта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука