октомври 10, 2019

Скопје,10. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС)Десет натпревари ширум Европа ќе се одиграат во текот на денешниот ден во рамките на квалификациите за евро-шампионатот 2020.

Репрезентацијата на Македонија се среќава со Словенија. Натпреварот ќе се одигра на Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.

Од двата табора најавија игра на победа и освојување на трите бода со што би ги задржале шансите за пласман на ЕП.

На другите две средби од 7.коло во Г-групата играат:
Австрија – Израел
Летонија – Полска

По шест кола во Г-групата лидер е Полска со 13 бода, пред Словенија со 11, Австрија има 10, Македонија и Израел по 8, Летонија е без освоен бод. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука