Избор Локална самоуправа Спорт ТОП ВЕСТИ

Охрид домаќин на Меѓународен турнир во шах

Охрид, 10. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во Охрид свечено беше отворен меѓународниот Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2019“ на кој учествуваат шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Северна Македонија.

Турнирот за отворен го прогласи советникот од Советот на општина Охрид, Мишел Силјаноски.

– Велат дека умствените активности се „најдобра храна“ за психичкиот развој на младите, а токму шахот е спорт којшто го овозможува тоа.Поставување цели, идентификување алтернатива и последици се составен дел на играта.Преместувајќи ги фигурите кога играте шах морате да донесете одлуки и решите проблем. Морате да ги контролирате своите импулси и да поставите краткорочни и долгорочни цели  како би имале предност и  би биле победници  во игрaта.  А токму таква младина му е потребна на ова општество, младина која  поставува цели и донесува одлуки во насока на подобар и побрз општествен развој. Прогласувајќи го овој турнир во шах за отворен  им  посакувам успех во играта на сите учесници со желба да победи најдобриот и  најсреќниот  затоа што во фер игра сите се добри и квалитетни. Секако на учесниците од неколкуте Балкански земји им посакувам пријатен престој во Охрид со желба да ги доловат убавините на Охрид  кои  повторно ќе ги враќаат кај нас, истакна Силјаноски.

Организатор на настанот е Шаховскиот Клуб ЛАСКЕР со поддршка на Општина Охрид, Шаховската Федерација на Македонија и неколку компании од бизнис секторот. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави